Mакедонската екипа на EGMO 2020

Почитувани,

Со неизмерна среќа и радост, ја споделуваме со вас веста за огромниот успех кој нашата екипа го постигна на EGMO 2020. Македонската екипа го постигна најдобриот резултат од сите досегашни учества на овој натпревар.

Медали освоија:

  • Јасна Илиева-сребрен медал
  • Анастасија Тортевска-бронзен медал
  • Христина Митреска-бронзен медал

Одличен резултат постигна и ученичката Кристина Тасева, која за малку не освои пофалница.

Подетално за организацијата на EGMO 2020, задачите и резултатите овде.

EGMO 2020 се одржа во периодот 15-21.04.2020. Олимпијадата беше планирана да се одржи во Egmond an Zee, Холандија, но заради настанатата ситуација и пандемијата од Ковид 19 вирусот, организаторите решија овој пат настанот да биде целосно во виртуелен формат. Сите активности се одвиваа онлајн, вклучувајќи го и натпреварот. Со онлајн контрола, 204 натпреварувачки, од 53 земји од светот, во текот на два дена, решаваа по 6 задачи. Сите во своите земји, но сепак сите заедно. Нашиот тим го освои го 16-тото место во екипен пласман.

Честитки до сите кои директно учествуваа во подготовките на нашата екипа и на тој начин го овозможија овој успех.

Проф. Анета Гацовска-Барандовска

                                                                        Водач на МКД тимот на ЕГМО 2020