Почитувани,
Од 11 до 17 април во Приштина, Косово се одржа Европската женска математичка олимпијада (EGMO), на која учествуваа натпреварувачки од 55 држави ширум светот.
Македонија ја претставуваа Антонела Владева, Илина Арсовска, Михаела Смилевска и Миша Веселински. Лидери на тимот беа Петар Филиповски и Христина Митреска, а Ерблина Зеќири беше координатор од нашата држава.
Девојчињата поминаа неколку инспиративни денови исполнети со предизвици, дружење и размена на знаење со врснички од целиот свет.
Особено се гордееме што Миша Веселински освои пофалница – честитки за овој одличен успех!
Продолжуваме да ги поддржуваме младите математичарки и да ја славиме љубовта кон науката!
Ваш СММ!









