Почитувани,
во прилог се конечните резултати од Регионалниот натпревар по математика за учениците од основното образование.
На државниот натпревар се пласираат сите ученици од:
- 6 и 7 одделение кои имаат најмалку 2 награда, т.е. освоиле најмалку 71 поен на Регионалниот натпревар
- 8 и 9 одделение кои имаат најмалку 3 награда, т.е. освоиле најмалку 55 поени на Регионалниот натпревар
Дополнително право на учество имаат и учениците од овие одделенија, кои освоиле помалку поени, но притоа имаат најголем број освоени поени во соодветното одделение, во регионот во кој што се натпреварувале.
Државниот натпревар за основно образование ќе се одржи на 3 мај 2025 година со почеток во 10 часот на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Ваш СММ!