Почитувани натпреварувачи,
денес, недела 16.03.2025 година, ќе се одржи ПИ ДЕН 2025 година.
Системот за прифаќање одговори ќе биде отворен во времетраење од 2 часа за секоја категорија:
- 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот
- 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот
- I, II, III, IV година и категоријата 18+, има пристап до системот во 14 часот .
Како потсетување, сите задачи имаат решение природен број или нула. Натпреварувачите го внесуваат бараниот број во соодветното поле. На крај системот можеби ќе побара автентичност на корисникот (I’m not a robot). Натпреварот завршува кога ќе ги пополните сите полиња за решенија и ќе изберете Submit, за максимално време од 90 минути. На електронската пошта која ја наведовте на почеток на натпреварот ќе ви стигнат податоци со вашите решенија. Тоа е потврда дека вашите решенија се примени во системот.
До задачите може да пристапите преку овој линк.
Ви посакуваме успех!
Ваш СММ!