Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2024 ќе се одржи на закажаниот термин, 1 декември 2024 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест.…

Прочитај повеќе

Календар за натпреварите во учебната 2024/2025 година

Почитувани,

натпреварите по математика во учебната 2024/2025 година ќе се одржат во следниве денови:

Основно образование

  • Општински натпревар 31.1.2025 година
  • Регионален натпревар 15.3.2025 година
  • Државен натпревар 3.5.2025 година

Средно образование

  • Општински натпревар 31.1.2025 година
  • Регионален натпревар 15.2.2025 година
  • Државен натпревар 8.3.2025 година

Наскоро ќе бидат објавени деталите поврзани со одржувањето на овие натпревари.…

Прочитај повеќе

Известување за почеток на наставата со групата за олимписка математика во рамки на ЕМШ 2024

Почитувани ученици,

На 23.11.2024 година почнуваат часовите за олимписка математика во рамки на Есенската математичка школа 2024. Учениците кои се имаат пријавено за овие часови, треба да пристигнат на Природно-математичкиот факултет најдоцна до 9:45 за да се регистрираат пред почетокот на часовите. Регистрацијата и часовите ќе се одржуваат во предавалната М301 (горна зграда, нов дел, трети кат, веднаш до скалите), односно просторијата каде се одржуваше наставата со учениците од 9 одделение на Есенската математичка школа 2024.…

Прочитај повеќе

Новогодишен електронски натпревар

Почитувани,

Оваа учебна година за првпат ќе се одржи Новогодишен електронски натпревар за учениците од прво, второ и трето одделение. На овој натпревар право на учество имаат сите ученици од прво до трето одделение. Натпреварот се состои од 10 задачи. Време за работа 45 минути. Секоја точно решена задача се вреднува со 5 бодови. Наградите на Новогодишниот електронски натпревар се доделуваат според следниот критериум:
– I награда добива натпреварувач кој освоил 44-50 бодови;
– II награда добива натпреварувач кој освоил 36-43 бодови;
– III награда добива натпреварувач кој освоил 26-35 бодови;
Секој награден ученик и неговиот ментор/наставник добиваат сертификат во електронска форма.…

Прочитај повеќе