Информација за наставата на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Оваа сабота, 26.10.2024 година, продолжуваме со наставата на Есенската математичка школа 2024 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Следните четири саботи, заклучно до 16.11.2024 година, часовите во рамки на редовната настава на школата, ќе се одржуваат од 10 до 14 часот.

Наставата ќе се одвива во истите простории како и на 19.10.2024. Распоредот на ученците по простории може да го видите тука.

За учениците кои не си ги подигнале материјалите за школата и не се регистрирале, пултот за регистрација ќе биде отворен од 9.30 часот во приземјето на горната зграда на ПМФ.

Подгответе се да продолжиме со математичка дружба!

Од Раководството на ЕМШ2024