Пријавување учество на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија, оваа година по шести пат организира Есенска математичка школа наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Оваа година, за прв пат, предавањата на школата ќе се одвиваат во два дела – редовна настава и олимписка математика. Предавањата ќе се одржуваат во саботите во текот на месеците октомври, ноември и декември 2024 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а предавачи ќе бидат универзитетски професори по математика и истакнати наставници по математика од основните и средните училишта. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Раководител на Школата: проф. д-р Ирена Стојковска

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2024, датуми и термини на предавањата, како и информации за пријавување учество на школата, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2024/