Информации за ЈММО

Почитувани,

Ве известуваме дека Јуниорската македoнска математичка олимпијада (ЈММО) 2024 ќе се одржи на 29 мај 2024 година со почеток во 10 часот во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

На ЈММО се покануваат сите ученици кои имаат:

– прва награда во 7 одделение,

– прва или втора награда во 8 одделение,

– прва, втора или трета награда во 9 одделение.

Дополнително на ЈММО ќе може да учествуваат и учениците од средно образование кои се родени на или после 27 декември 2008 година и имаат барем пофалница на државниот натпревар за средно образование. Истите да се пријават на dleskovski@gmail.com најдоцна до 22.05.2024 година.

Сите учесници на ЈММО треба да бидат пред ПМФ најдоцна до 9 часот и 30 минути.

Заради дополнително тестирање за државен првак за 6 одделение, ве известуваме дека во истото време треба да дојдат и сите ученици од 6 одделение кои на Државниот натпревар за основно образование имаа по 100 поени. Тестирањето ќе се одржи заедно со ЈММО.

Ваш СММ!