Почитувани ученици, наставници ментори и родители,
во прилог се конечните резултати од одржаниот 47ми регионален натпревар по математика за учениците од средните училишта.
На Државниот натпревар пласман остварија сите наградени ученици од прва година (со освоени најмалку 55 поени) и сите наградени и пофалени ученици од втора, трета и четврта година (со освоени најмалку 40 поени).
Државниот натпревар ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 30.03.2024 година, со почеток во 10.00 часот. На сите ученици им посакуваме успех на претстојниот 67ми Државен натпревар за средните училишта.
Комисија за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта при СММ
Ваш СММ!