Почитувани,
во прилог е списокот на ученици кои се поканети на 30. Македонска Математичка Олимпијада, согласно следниот критериум:
„Сите учесници на последниот државен натпревар по математика кои освоиле награда на државниот или на четвртиот меморијален математички натпревар Александар Блажевски -Цане“.
ММО ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во недела 9. април. Учесниците е потребно да бидат пред факултетската зграда најдоцна во 9 часот и 15 минути. Натпреварот ќе започне во 10 часот.
Ваш СММ!