Прогласување државни прваци за основно образование

Почитувани,

на 7.06.2022 година, вторник, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа дополнително тестирање за избор на државен првак за шесто одделение. Во прилог се задачите кои ги решаваа учениците.

Државен првак за шесто одделение се прогласува ученикот Валентино Атансоски од ООУ „Кочо Рацин“, Скопје.

Државен првак за осмо одделение се прогласува ученикот Лео Нелоски од ООУ „Григор Прличев“, Охрид.

Државниот првак за деветто одделение се прогласува ученикот Марко Митевски од ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Скопје.

Ваш СММ!