Почитувани,
47-от Државен натпревар по математика за учениците од основните училишта, ќе се одржи на 14.05.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, долна и горна зграда.
Натпреварот ќе трае 180 минути.
Учениците треба да се во дворот на факултетот во 9.30 часот.
Учениците од шесто, седмо и осмо одделение треба да бидат пред зградата на Хемискиот институт (долна зграда).
Учениците од деветто одделение треба да бидат пред главната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (горна зграда).
Ве молиме да имате предвид дека прегледувањето, резултатите и евентуалните приговори ќе се спроведат и објават истиот ден.
Од комисијата за задачи за натпревари по математика за општински, регионални и државни натпревари за учениците од основните училишта, во предметна настава.

Ваш СММ!