Почитувани,
Чест и задоволство ни е да ве известиме за големиот успех на македонската репрезентација на Балканската математичка олимпијада БМО 2022!
На овогодинешната олимпијада за прв пат во историјата на Македонија постигнат е златен медал на БМО, освоен од Никола Спировски. Покрај златниот медал, имаме и два сребрени медали, освоени од Дамјан Давков и Јан Стојановски, еден бронзен медал освоен од Алексиј Тасиќ и две пофалници, освоени од Јасна Илиева и Блаже Суклевски. Вреди да се напомене дека екипата оваа година го постигна најголемиот екипен успех со освоени 118 поени и по бројот на освоени медали го завзема третото место после Романија и Грција.
На крај сакаме да им се заблагодариме на претседателот на комисијата за ММО и меѓународни натпревари Мирко Петрушевски и Илија Јовчески за целокупниот ангажман во остварување на овој историски резултат.
Со почит,
лидерите на тимот,
Никола Велов и Петар Филиповски