Почитувани ученици, колеги ментори и родители,
65-тиот Државен натпревар по математика за учениците од средните училишта, ќе се одржи на 16.04.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Натпреварот ќе трае 210 минути.
Учениците треба да се во дворот на факултетот во 9.30 часот.
Ве молиме да имате предвид дека прегледувањето, резултатите и евентуалните приговори ќе се спроведат и објават истиот ден.
Од комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта.
Ваш СММ!