Упатство за спроведување на Регионалниот натпревар по математика за основно образование

Почитувани,

натпреварот ќе се одржи на 26.03.2022 година, сабота, со почеток во 10.00 часот во училиштата означени како домаќини во секој од регионите.

Учениците е потребно да бидат во училиштата во 9.30 часот, за навремено отварање на натпреварот, разместување на учениците по училници и навремен почеток на натпреварот.

Задачите од натпреварот се на јазикот на кој ученикот ја посетува наставата по математика.

Како потсетување, право на учество на Регионалниот натпревар имаат сите ученици кои освоиле најмалку 30 поени на општинскиот натпревар и навремено уредно се пријавиле за учество на натпреварот.

Натпреварот е со траење од 120 минути. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 2-4 часа зависно од бројот на ученици кои учествуваат во соодветен регион. Приговорите ќе бидат разгледани од комисијата за прегледување и делегатот на СММ на лице место.

Секое училиште кое учествува со свои натпреварувачи, согласно Правилникот за натпревари е должно да испрати најмалку по еден прегледувач на секои десет учесници од училиштето.

Ви посакуваме успешен натпревар на сите!

Од комисиите за натпревари во основното образование, одделенска и предметна настава