ПИ-ДЕН 2022

Почитувани,

Државниот електронски натпревар ПИ-ДЕН ќе се одржи на 13.03.2022 година, недела, со почеток во 10 часот.

Задачите имаат логички карактер, одговараат на возрасната група на која се однесуваат и организирани се во три групи со различна тежина од 1, 2 и 3 поени, соодветно. (подетално)

Натпреварот трае 90 минути. Секој пријавен учесник на натпреварот ќе добие сертификат за учество и потврда за постигнатиот успех. Во конечниот пласман ќе има влијание и времето за кое се испратени одговорите на задачите. Натпреварот, ќе се реализира со помош на компјутер, мобилен телефон, таблет или кој било друг уред со чија помош може да пристапите до електронската локација која ќе биде отворена два часа за секоја од категориите:

  • 1,2,3,4 и 5 одделение, има пристап до системот во 10 часот на 13.03.2022 година
  • 6,7,8 и 9 одделение, има пристап до системот во 12 часот на 13.03.2022 година
  • I, II, III и IV година, има пристап до системот во 14 часот на 13.03.2022 година
  • 18+ , има пристап до системот во 16 часот на 13.03.2022 година

Пријавувањето на натпреварувачите се врши на следниов линк и трае до 10 март 2022 година до 23 часот и 59 минути

Котизацијата за овој натпревар е 60 денари и треба да се уплати на сметката на СММ до 10 март 2022 година.

Податоци за котизација:
Сојуз на математичари на Македонија
Жиро сметка: 300000001276071,
депонент на Комерцијална банка АД (со назнака „Котизација за ПИ-ДЕН“)

Пример за изгледот на дел од задачите на натпреварот може да видите на следниов линк .

Ваш СММ!