Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека третото издание на меморијалниот математички натпревар во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане ќе се одржи на 15-16 јануари 2022 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно. Новина е дека Третиот меморијален математички натпревар „Александар Блажевски – Цане“ ќе се реализира во две категории: ЈУНИОРИ и СЕНИОРИ. Тежината на задачите во категоријата ЈУНИОРИ (одн. СЕНИОРИ) е приближна на тежината на задачите од последното издание на ЈММО (одн. ММО). Списоците на поканети по категорија можете да ги погледнете тука и тука. Очекуваме да земат учество сите пофалени или наградени на 25. ЈММО и сите учесници на 28. ММО.
Воедно натпреварот претставува и единствено изборно натпреварување за ЕГМО 2022. Во конкуренција (за четиричлената македонска екипа) се сите натпреварувачки во категоријата СЕНИОРИ.
Натпреварот ќе се одржи во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со физичко присуство на учениците и со почитување на протоколот за работа на ПМФ при физичко присуство. Натпреварувачите ги очекуваме пред зградата на ПМФ најдоцна до 9:30 часот. Почетокот е во 10 часот.
Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
Мирко Петрушевски