Заврши вториот олимписки ден

Почитувани,

денес заврши и вториот олимписки ден, односно решавањето задачи.

Натпреварувачите имаа повторно 270 минути за нови три задачи, а скенираните решенија ги испративме до организаторот.

Наредните денови, водачот и заменикот водач на нашиот тим учествуваат во координацијата со домаќинот. Натпреварувачите имаат можност да следат предавања од различни области и да учествуваат во шаховски натпревар (подетално овде).

Сите активности завршуваат на 24.07.2021 година, а во очекување на официјалните резултати еве дел од денешната атмосфера:

Погледнете и како изгледаше претставувањето на нашиот олимписки тим за време на отворањето на 62-та Меѓународна математичка олимпијада (одете директно на 57:57).

Ваш СММ!