СИГМА

Најнови вести за списанијата

Сигма e математичко списание за учениците од средните училишта. Главен и одговорен уредник е Д-р Ристо Атанасов, редовен професор на Western Carolina University, USA. Контакт: risto.atanasov@gmail.com

Драги ученици, професори и други љубители на математиката,

На почетокот на новата учебна година ви посакуваме успех во сите ваши академски потфати и
продлабочување на љубовта кон математиката. Списанието „Сигма“ ја продолжува долгогодишната
традиција на објавување математички содржини наменети за учениците и професорите во средното образование, како и за сите љубители на математиката.

Оваа година во списанието ќе можете да најдете две рубрики со задачи. Едната од овие две рубрики ќе содржи задачи, поделени по години, кои ќе им помогнат на учениците да се подготват за општинските и регионалните натпревари по математика. Втората е традиционалната рубрика со 15 задачи со различна тежина. Покрај овие две рубрики задачи, ќе се сретнете и со прилози за математичките олимпијади и математичките натпревари за ученици од средните училишта, како и со прилози поврзани со Есенската математичка школа 2019 и со други математички школи во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Особено внимание ќе посветиме на обработка на теми, приоди и методи коишто не се доволно застапени во рамките на постојните наставни програми по математика за средното образование, а кои би биле од интерес за учениците и професорите по математика.

Списанието „Сигма“ е со изменето уредништво, коешто ја користи можноста да ве покани да
доставувате свои прилози во кои обработувате полезни и интересни содржини за учениците. Исто
така ги покануваме учениците да праќаат свои решенија на задачите од „Сигма“. Најдобрите
решенија ќе бидат објавувани, а најуспешните решавачи симболично наградени. Ги очекуваме
вашите мислења и коментари за содржините во списанието, дали и на кои начини ги користите,
бидејќи и од вас зависи дали ќе успееме да ви понудиме списание коешто одговара на вашите
потреби. Вашите прилози, решенија и коментари можете да ги испраќате на електронската адреса
sigma.spisanie.smm@gmail.com.

Проф. д-р Ристо Атанасов
Главен и одговорен уредник на „Сигма“

Упатство за претплата
Цената за порачка на еден печатен примерок е 90 денари, а годишната претплата за 4 броја е 300
денари. За групна претплата, на секои 10 примероци, единаесетиот е бесплатен.

Претплатата и порачките се испраќаат на адреса:
СИГМА, Сојуз на математичари на Македонија
ул. „Архимедова“ бр. 3, 1000 Скопје, Р. С. Македонија
е-адреса: sojuz.na.matematicari@gmail.com

Жиро сметка: 300000001276071, ЕДБ 4030991121596, депонент на Комерцијална банка АД, Сојуз на математичари на Македонија (со назнака за СИГМА)

Дистрибуција се врши преку Македонска пошта или со директно преземање на примероците од
Библиотеката на Институтот по математика на ПМФ во Скопје.

Уредувачки Одбор на „Сигма“

  1. Д-р Ристо Атанасов, Western Carolina University, USA – главен и одговорен уредник
  2. Д-р Ѓорѓи Маркоски, Природно-математички Факултет, Скопје – технички уредник
  3. Д-р Анета Гацовска – Барандовска, Природно-математички Факултет, Скопје –  уредник
  4. Д-р Даниел Велинов, Градежен Факултет, Скопје – уредник
  5. Yilmaz Deliktash, “Yahya Kemal”, Скопје – уредник
  6. M-r Emin Durmishi, Тетовски Универзитет, Тетово – уредник
  7. Emil Kera, “8 Септември”, Скопје – уредник
  8. Раде Кренков, “Димитар Влахов”, Струмица – уредник
  9. М-р Јасмина Маркоска, “Георги Димитров”, Скопје – уредник
  10. Д-р Мирко Петрушевски, Машински Факултет, Скопје – уредник
  11. Д-р Катерина Хаџи – Велкова Санева, Факултет за Електротехника и Информациски Технологии, Скопје – уредник
  12. Д-р Петар Соколоски, Природно-математички Факултет, Скопје –  уредник
  13. Слаѓан Станковиќ, “Наце Буѓони”, Куманово – уредник
  14. Д-р Зоран Трифунов, Универзитет Мајка Тереза, Скопје – уредник
  15. Зоран Штерјoв, “Наум Наумовски – Борче”, Пробиштип – уредник