Драги ученици,
Во сабота на 31.10.2026 година започнува Есенската математичка школа 2026 во организација на Сојузот на математичари на Македонија. Од 8.30 до 9.30 часот е планирана регистрација на учениците во холот во приземјето на горната зграда на Природно-математичкиот факултет во Скопје (локација).
Од 9.30 до 9.45 часот е отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар М121 (на првиот кат). Предавањата на школата се од 10.00 до 14.00 часот.
Во продолжение програмата за првиот ден на школата, 31.10.2026 година, распоредот на учениците по простории и потребниот прибор за работа:
Програма на ЕМШ2026 за 31.10.2026
Учениците треба да се регистрираат и да си ги подигнат материјалите за време на предвидениот термин за регистрација.
По завршувањето на отварањето на школата во Математичкиот амфитеатар МА121, ќе се формираат групите ученици по одделенија/година кои со придружба од студентите ќе бидат одведени во просториите каде ќе се одржуваат предавањата. Во случај да задоцните секогаш ќе може да се обратите за помош кај студентите кои ќе бидат кај масите за регистрација на влезот на ПМФ и тие ќе ве упатат кон просторијата каде ќе биде вашето предавање.
Ги замолуваме родителите кои ќе дојдат како придружба на учениците-учесници на школата, за време на предавањата да не седат пред вратите на предавалните, може да чекаат во холот на приземје кај масите за регистрација.
На учениците и професорите им посакуваме успешна математичка школа, збогатување на математичките знаења и многу нови пријателства!
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски,
Раководител на ЕМШ2026