Сојузот на математичари на Македонија по осми пат ја организира Есенската математичка школа за учениците од основните и средните училишта од целата држава. Оваа година предавањата на школата ќе бидат во два дела – тематска настава и олимписка математика за јуниори.
ПРВ ДЕЛ
Учесници (тематска настава): ученици од 4 до 9 одд. и ученици од 1 до 4 год.
Датуми на предавањата (тематска настава): 31 октомври, 7, 14 и 21 ноември 2026 год.
Датум на полагање завршен тест (тематска настава): 5 декември 2026 год.
Место (тематска настава): Природно-математички факултет, Скопје
Делот од школата именуван како тематска настава е наменет за сите ученици кои ја сакаат математиката и сакаат да ги откриваат убавините на математиката со продлабочување на постоечките знаења и стекнување нови знаења и вештини. Наставата ќе се реализира во 16 часа, по што следи завршен тест. Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
ВТОР ДЕЛ
Учесници (олимписка математика за јуниори): ученици од 7 до 9 одд.
Датуми на предавањата (олимписка математика за јуниори): 28 ноември, 6, 12 и 19 декември 2026 год.
Место (олимписка математика за јуниори): Природно-математички факултет, Скопје
Делот од школата именуван како олимписка математика за јуниори е наменет за учениците кои се натпреваруваат по математика, добитници се на награда на државниот натпревар по математика во 2026 година и сакаат да стекнат вештини и знаења потребни за натпреварите од олимписки карактер. Наставата ќе се реализира во 16 часа. Секој редовен ученик-учесник на Школата ќе добие сертификат за учество.
Термини на предавањата:
- 10:00 – 11:45 ПРЕДАВАЊА
(2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 11:00 часот) - 11:45 – 12:15 УЖИНКА (30 мин)
- 12:15 – 14:00 ПРЕДАВАЊА
(2 часа од по 45-50 мин. и една пауза од 5-10 мин. околу 13:00 часот)
Теми и предавачи на школата:
- 4 одд.
Бројни изрази, проф. д-р Анета Гацовска Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Бројни изрази – запознавање и читање, Редослед на операции во бројни изрази, Комутативен и асоцијативен закон, Дистрибутивен закон – полесно пресметување, Бројни изрази – математички предизвици
Математички работилници, проф. д-р Весна Целакоска Јорданова, Марија Стојковска - 5 одд.
Проблеми со цели броеви, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
Програма: Проблеми со деливост и остаток. Текстуални задачи со цели броеви. Задачи од комбинаторика (броење и составување броеви со дадено својство).
Математички работилници, проф. д-р Марија Михова, Христина Митреска - 6 одд.
Деливост во множеството природни броеви, проф. д-р Делчо Лешковски, Меѓународен Балкански Универзитет, Скопје
Програма: поим за делење и делење со остаток, поим за деливост, признаци за деливост, прости и сложени броеви, разложување на сложен број на прости множители (основна теорема на аритметиката), најголем заеднички делител (НЗД), најмал заеднички содржател (НЗС), разни задачи
Основни геометриски фигури и нивни својства, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
Програма: Точка, права, полуправа, отсечка. Агол и операции со агли. Многуаголици и нивни основни својства. - 7 одд.
Триаголник. Складност на триаголници, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
Програма: Основни елементи кај триаголник, видови триаголници, складни триаголници, однос меѓу страните и аглите кај триаголникот.
Линеарни равенки и примена, проф. д-р Делчо Лешковски, Меѓународен Балкански Универзитет, Скопје
Програма: линеарна равенка и техники за решавање, од текст до равенка, примена: движење, работа, пари и проценти, геометриски и логички задачи со линеарни равенки, предизвикувачки задачи - 8 одд.
Деливост, конгруенции и примена, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Цели броеви, Деливост, признаци за деливост. Конгруенции и нивни својства. Примена на конгруенции
Неравенства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
Програма: Докази на неравенства кои содржат квадрати, неравенство меѓу аритметичка и геометриска средина за два и повеќе позитивни броеви, хармониска средина, симетрија кај неравенствата и познати неравенства - 9 одд.
Елементи од математичката логика, проф. д-р Весна Целакоска-Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Искази. Конјункција, дисјункција, негација. Импликација, еквиваленција. Исказни формули. Логички закони. Електрични склопови со прекинувачи. Правила за изведување заклучоци.
Слични рамнински фигури. Питагорова теорема, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: пропорционалност на отсечки. Сличност. Признаци за сличност на триаголници. Талесова теорема. Питагорова теорема. Примени на сличност и Питагорова теорема - 1, 2, 3 и 4 год.
Задачи од финансиска математика, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и асс. м-р Стево Ѓоргиев, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Задачи од финансиска математика и примени. - Олимписка математика за јуниори
Комбинаторика и графови, Filip Mihov, MSc in Computer Science, University of Oxford, UK
Програма: Графови. Патишта и сврзаност. Пребројување. Комбинаторни задачи со графови.
Теорија на броеви, Христина Митресска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Диофантови равенки. Решавање равенки со конгруенции. Неравенки. Решавање равенки со неравенства
Краен рок за пријавување: 12 октомври 2026 год.
Начин на пријавување: Пријавувањето на Школата се извршува исклучиво преку формата за пријавување на следниот линк или на копчето „Пријави учество“ на крајот од ова соопштение..
Известување за прием на школата: 15 октомври 2026 год.
Котизација за учество (тематска настава): 4500,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 16 часа предавања, завршен тест, материјали за школата и ужинка во деновите со предавања.
Котизација за учество (олимписка математика за јуниори): 5500,00 ден.
Во котизацијата се вклучени: 16 часа предавања, материјали за школата и ужинка во деновите со предавања.
Котизацијата за учество за тематска настава и олимписка математика за јуниори: 9000,00 ден.
Котизацијата треба да се уплати до 25 октомври 2026 година на жиро сметка: 300000001276071, банка: Комерцијална банка А.Д.-Скопје, примач: Сојуз на математичари на Македонија, уплатувач: име, презиме, училиште и одделение на ученикот-учесник, цел на дознака: Котизација за Есенска математичка школа 2026. По уплатата на котизацијата треба да пратите копија од уплатата на ems2026smm@gmail.com, најдоцна до 26 октомври 2026 година.
Раководител на Школата: проф. д-р Ѓорѓи Маркоски
Адреса за контакт: ems2026smm@gmail.com
Главен поддржувач на Есенската математичка школа 2026 е Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје