Олимписки подготовки за јуниори

Почитувани,

Ве информираме дека во наредниот период Сојузот на математичари на Македонија (СММ) ќе организира тримесечни бесплатни онлајн јуниорски подготовки.

Подготовките ќе се реализираат за време на викендите, најчесто во сабота. Во саботите кога ќе се одржува натпревар, часовите ќе бидат реализирани во недела. Подготовките ќе започнат првиот викенд од февруари.

Поканети се:

· сите ученици кои освоиле награда на минатогодишниот државен натпревар за VII и VIII одделение;

· ученици од IX одделение кои освоиле награда и кои на 17.06.2026 година нема да имаат наполнето 15,5 години.

Ги замолуваме сите поканети ученици да испратат e-mail на filipovskipetar@gmail.com со:

· subject: подготовки

· содржина: име и презиме, одделение/година, училиште и активна Microsoft Teams адреса.

Ваш СММ!