Почитувани,
Во пресрет на одржувањето на Новогодишниот електронски натпревар, би сакале да Ве информираме подетално за текот на натпреварот.
Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 (сабота) и трае 60 минути. Бројот на задачи е 15 за прво одделение, односно 20 за сите останати одделенија.
Притоа, за учениците од
- второ одделение ќе започне во 10:00 часот
- трето одделение во 10:40 часот
- прво и четврто ќе започне во 11:20 часот
- петто одделение во 12:00 часот
До задачите ќе може да пристапите преку линкови кои ќе бидат објавени на овој блог, 5 минути пред почетокот на натпреварот за соодветното одделение. Доколку го отворите блогот порано, направете refresh 5 минути пред почетокот на натпреварот.
Секој ученик врши избор на своето одделение и наставен јазик (македонски или албански јазик). Откако е направен тој избор, се внесуваат основните податоци на ученикот.
Врз основа на податоците што ќе ги внесете, автоматски ќе бидат генерирани дипломи/сертификати, (ГЕНЕРАЛИИТЕ ВО НИВ СЕ ПРЕВЗЕМААТ ДИРЕКТНО ОД ФОРМАТА, Т.Е. ШТО ЌЕ ПОПОЛНИТЕ, ТОА ЌЕ БИДЕ ИСПИШАНО), затоа ВНИМАВАЈТЕ НА ВНЕСУВАЊЕТО НА ПОДАТОЦИТЕ.
На крајот на натпреварот, задолжително треба да се избере SUBMIT (можна е појава на верификацијата – I’m not a robot). Ученикот мора да ги одговори сите прашања за да може да направи Submit.
Секоја точно одговорена задача се вреднува со 5 поени. За погрешен одговор НЕ се одземаат поени.
Забелешка 1: Проверете дали имате доволно простор на email адресата која ја внесувате во полето Email,
Забелешка 2: Доколку има двајца или повеќе ученици од исто семејство, во исто одделение, коишто решаваат истовремено од два или повеќе различни уреди, треба да бидат најавени на различен gmail акаунт (слика долу), независно од тоа кој пребарувач го користат (Google Chrome, Microsoft Edge, Mozilla Firefox и сл.). Акаунтот може да се смени на Switch account.

За техничка подршка за време на натпреварот, обратете се на следниот мејл: novogodisennatprevar.smm@gmail.com
Ви благодариме за учеството и Ви посакуваме успех.
Ваш СММ!