Почитувани,
заради големиот број барања за промена на листата со учесници на Државниот натпревар за основно образование, УО на СММ донесе одлука да го промени критериумот за пласман на учениците од шесто и седмо одделение.
Имено, на Државниот натпревар учествуваат сите ученици кои имаат освоено најмалку 3 награда на Регионалниот натпревар.
Дополнително право на учество имаат и учениците од овие одделенија, кои освоиле помалку поени, но притоа имаат најголем број освоени поени во соодветното одделение, во регионот во кој што се натпреварувале.
Во прилог се листите од регионалниот натпревар по региони.
Ваш СММ!