Имајќи го предвид недостатокот на натпревари од областа на економија и финансии, сметаме
дека МЕО ќе даде
- значаен поттик за сите ученици со интерес и познавања во овие области,
- ќе го зголеми квалитетот на знаења и вештини во решавање на проблеми од економија и финансии (особено со примена на математички и статистички методи)
- ќе придонесе за зголемување на бројот на натпревари по економија и финансии.
Првата македонска економска олимпијада е планирана да се одржи во тек на викендот 13-14
мај 2023 година.
За местото и времето на одржување и начинот на пријавување навремено ќе бидете известени.
Повеќе детали овде.
Правилникот на Македонската економска олимпијада е веќе објавен на нашата веб станица на
следниот линк.