Повторен тест за избор на државен првак

Почитувани,

по барање на Министерството за образование и наука (МОН), а врз база на приговор упатен по однос на дополнителното тестирање со кое е извршен избор на државен првак во деветто одделение, прва и трета година, СММ на 10.06.2025 година, вторник, со почеток од 10 часот ги повикува учениците кои на државниот натпревар во овие категории освоија најмногу поени, на ново дополнително тестирање за избор на државен првак.

Тестирањето ќе се одржи на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Учениците треба да бидат пред горната зграда на ПМФ во 9 часот и 30 минути.  

Ваш СММ!