Резултати од 12. Европски Математички Куп

Почитувани,

на 12. издание на овој престижен меѓународен натпревар, што се одржа во периодот 9-17 Декември 2023, учествуваа 36 држави во сениорска конкуренција и 32 држави во јуниорска конкуренција. Македонија зеде учество во обете категории. 

Нашите сениори остварија одличен резултат: екипно го освоија 8. место, а поединечно освоија две први награди (Алексиј Тасиќ и Дамјан Давков), една втора награда (Јан Стојановски) и две трети награди (Бранко Јангеловски и Никола Цветаноски). …

Прочитај повеќе

Теми на Есенската математичка школа 2024 и наградни учества

Драги ученици,

Темите на Есенската математичка школа 2024 која оваа година се состои од два дела – редовна настава (наменета за учениците од 4 одделение до 9 одделение од основните училишта и од 1 година до 4 година од средните училишта) и олимписка математика (наменета за учениците од 7 одделение и нагоре кои се добитници на награди на државниот натпревар по математика) и која ќе се реализира во месеците октомври, ноември и декември 2024, се следните:

  • 4 одд.
Прочитај повеќе

НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2024

Драги ученици, почитувани наставници и родители,

Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“. Главни организатори на оваа манифестација се Сојузот на математичарите на Македонија (СММ) и Природно-математичкиот факултет во Скопје. Други учесници во организацијата се: Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ), Македонското географско друштво (МГД).…

Прочитај повеќе

СММ ја доби најголемата донација досега!

„Global Macedonians“ ја направи најголемата донација досега на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), придонесувајќи со 2.900 евра, собрани од македонски професионалци ширум светот, за решавање на финансиските предизвици. Со оваа значајна финансиска поддршка ќе се покријат речиси сите патни трошоци за младите македонски математичари кои учествуваа на 65-тата Меѓународна математичка олимпијада (ИМО 2024), овозможувајќи им да ги покажат своите вештини и знаења на меѓународната сцена и да се натпреваруваат рамо до рамо со најдобрите математичари во светот.…

Прочитај повеќе

Пријавување учество на Есенската математичка школа 2024

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија, оваа година по шести пат организира Есенска математичка школа наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Оваа година, за прв пат, предавањата на школата ќе се одвиваат во два дела – редовна настава и олимписка математика.…

Прочитај повеќе