НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА 2024

Почитувани,

Ве известуваме дека во текот на месец ноември 2024 година, на Природно-математичкиот факултет во Скопје по четврти пат ќе се одржи манифестацијата за популаризација на природните науки и математиката „Ноември – Месец на науката“ 2024 во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје. 

Повеќе детали околу оваа манифестација и начинот на пријавување очекувајте во месец август 2024 година.

Досегашните три манифестации и деталите околу нив може да се видат на https://im-pmf.weebly.com/noemvri-mesec-na-naukata.html.

Ваш СММ!