Почитувани,
На 12.06.2024 година, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се
одржа Втората Македонска економска олимпијада. Од 36 ученици од првата селекција, на
олимпијадата се пласираа дваесет ученици кои ги измерија силите во делови од финансиска
математика, финансиска писменост, економија и примена на математиката во моделирање на
економски процеси.
Од најдобрите го формиравме и тимот кој ќе не претставува на Седмата меѓународна
економска олимпијада, која ќе се одржи во Хонг – Конг, во периодот 22-31.07.2024.
Нашиот тим оваа година го сочинуваат:
- Миша Веселински, ученичка во трета година, ПСУ Јахја Кемал, Скопје
- Сара Тошевска, ученичка во трета година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
- Никола Бојчев, ученик во втора година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
- Јован Оџаков, ученик во втора година, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија
Водачи на тимот се проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска и м-р Стево Ѓоргиев од Институтот
за математика при ПМФ – Скопје.
Во прилог се фотографии од олимпијадата.
Распределбата на медалите може да ја видите на листата. За жал, четврто и
петопласираната ученичка, од лични причини го откажаа своето учество на олимпијадата.
На тимот му посакуваме многу успех!
Ваш СММ!