Конечни резултати од ЈММО 2024

Почитувани,
Во прилог се конечните резултати и распределбата на медали на ЈММО 2024.
Избрана e екипата што ќе ја претставува нашата земја на 28. Јуниорска Балканска Математичка Олимпијада:
• Никола Стојковски, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Дијар Адеми, ученик во VIII одделение при ПСУ „Јахја Кемал“, Карпош, Скопје
• Филип Калкашлиев, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Андреј Тасиќ, ученик во IX одделение при ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, Аеродром, Скопје
• Калина Грашкоска, ученик во VIII одделение при ОOУ „Кочо Рацин“, Центар, Скопје
• Теа Ангелова, ученик во IX одделение при ООУ „Гоце Делчев“ с.Василево, Струмица
Со нашите олимпијци ќе бидат:
• Петар Филиповски, како водач,
• Христина Митреска, како заменик водач.
Членовите на екипата да го контактираат водачот Петар Филиповски. Неговата меил адреса е filipovskipetar@gmail.com
Од Комисијата за Македонска математичка олимпијада за учениците до 15,5 години и меѓународни натпревари за учениците до 15,5 години
Ваш СММ!