Почитувани,
Сакаме да ве информираме за успешниот настап на Македонската репрезентација на 41. Балканска математичка олимпијада. На овогодинешното издание на овој престижен меѓународен собир на млади математички умови учествуваа вкупно 138 натпреварувачи, од 22 држави од три континенти. Македонската репрезентација освои два сребрени медали, два бронзени медали и две пофалници. Сребрен медал им припадна на Дамјан Давков и Леонид Тодороски, со бронзен медал се закитија Алексиј Тасиќ и Јан Стојановски, а пофалниците се за Никола Цветаноски и Емилија Николовска.
Им честитаме!
Ваш СММ!…