Темите на Есенската математичка школа 2022 која започнува со предавања на 15 октомври 2022 година во просториите на Природно-математичкиот факулетет во Скопје, се следните:
- 4 одд.
Предизвикот на дропките, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, Институт за одделенска настава, Педагошки факултет, Скопје
Програма: Истражувања за дропките (што е дропка, видови дропки, споредување дропки, еквивалентни дропки…). Вовед во собирање и одземање дропки. Собирање и одземање дропки. Множење и делење дропки. Решавање задачи со дропки во контексти од реалниот и имагинарниот свет на децата.
* Наставата за темата „Предзивикот на дропките“ секоја сабота ќе се реализира по принципот Конкретно-Сликовито-Апстрактно, односно најнапред работа со конкретни материјали, потоа сликовито претставување и на крај примена на математички јазик и нотација за манипулација со дропките. Во секоја етапа, задачите со дропки ќе бидат поврзувани со решавање проблеми од практичен карактер.
Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, проф. д-р Ирена Стојковска - 5 одд.
Стратегии за решавање проблемски задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Бројни изрази. Елементарни проблемски задачи, метод на пресметување. Метод на отсечки. Метод на правоаголници. Метод на равенки.
Математички работилници, проф. д-р Слаѓана Јакимовиќ, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, проф. д-р Ирена Стојковска - 6 одд.
Проблеми со цели броеви, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
Програма: Множества. Комбинаторни проблеми. Проблеми со една и повеќе променливи. Проблеми со мерење. Елементарни задачи со Принцип на Дирихле.
Вовед во геoметрија и решавање на основни геометриски проблеми, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
Точка и права. Полуправа, отсечка и агол. Кружница и круг. Две кружници. Кружница и права. Графички операции со отсечки. Графички операции со агли. - 7 одд.
Рационални броеви, проф. д-р Елена Хаџиева, Факултет за информациски системи, визуелизација, мултимедија и анимација при Универзитетот „Св. Апостол Павле“, Охрид
Програма: Поим за рационален број. Децимален запис на рационален број. Операции со рационални броеви. Бројни изрази со рационални броеви. Равенки со рационални броеви. Проблемски задачи.
Складност на триаголници, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Карактеристични линии во триаголник. Признаци за складност на триаголници. Интересни задачи од складност. - 8 одд.
Тетивен и тангентен четириаголник, Благица Милисова, професор по математика, ООУ „Браќа Миладиновци“, Пробиштип
Програма: Агли во кружница, централен и периферен агол. Талесова теорема и примена. Тетивен четириаголник. Тангентен четириаголник. Примена на тетивен и тангентен четириаголник во натпреварувачки задачи.
Полиноми, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
Програма: Основни поими: видови полиноми, нормален вид на полином, степен на полином. Операции со полиноми: собирање, одземање, множење и делење на полиноми. Теорема на Безу. Разложување на полиноми на множители. Формули за скратено множење. Разни задачи со полиноми. НЗС и НЗД на полиноми. - 9 одд.
Сличности и некои поважни теореми доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Признаци за складност на триаголници. Признаци за сличност на триаголници. Теорема на Талес за пропорционалност. Теорема за симетрала на агол. Теорема на Питагора. Теорема на Чева. Теорема на Менелај
Принцип на Дирихле, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
Програма: Задачи за загревање. Вовед во Принципот на Дирихле. Теорија на броеви и Принцип на Дирихле. Проблеми со пријателства и Принцип на Дирихле. Геометриски проблеми и Принцип на Дирихле. - 1 год.
Неравенства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
Програма: Докази на неравенства кои содржат квадрати, неравенство меѓу аритметичка и геометриска средина за два и повеќе позитивни броеви, хармониска средина, симетрија кај неравенствата и некои познати неравенства.
Сличности и некои поважни теореми доц. д-р Петар Соколоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Признаци за складност на триаголници. Признаци за сличност на триаголници. Теорема на Талес за пропорционалност. Теорема за симетрала на агол. Теорема на Питагора. Теорема на Чева. Теорема на Менелај - 2 год.
Аналитичка геометрија во 2Д, проф. д-р Весна Целакоска – Јорданова, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
Програма: Координатна оска, растојание меѓу две точки. Координатна рамнина. Растојание меѓу две точки. Равенка на права (каноничен вид, сегментен вид, општ вид). Растојание од точка до права. Пресек на две прави, агол меѓу две прави, прамен прави. Равенка на кружница.
Неравенства, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
Програма: Докази на неравенства кои содржат квадрати, неравенство меѓу аритметичка и геометриска средина за два и повеќе позитивни броеви, хармониска средина, симетрија кај неравенствата и некои познати неравенства. - 3 и 4 год.
Обработка на податоци и моделирање, м-р Филип Николовски, Оддел за математика и информатика, Машински факултет, Скопје
Програма: Типови податоци и податочни структури. Основни концепти од програмирање (гранење, циклуси, функции). Опис и визуелизација на податоци. Модели и моделирање. Основни принципи за конструкција на модели. Ненадгледувано машинско учење: модели за групирање податоци. Надгледувано машинско учење: модели за класификација и модели на регресија.
* Пожелно е учениците кои сакаат да учествуваат на овие работилници за „Обработка на податоци и моделирање“ да имаат афинитет и желба за работа на компјутер. Од практични причини препорачуваме учесниците да користат сопствен лаптоп за работа (доколку некој од учесниците не е во можност, може да му обезбедиме компјутер, но бројот на достапни компјутери е ограничен).
Повеќе информации за Есенската математичка школа 2022, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2022/