MMO 2022

Почитувани,

денес, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, со почеток од 10 часот, се одржа XXIX Македонската математичка олимпијада за учениците од средно образование. Во прилог се задачите, решенијата и распределбата на бодовите.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени околу 18 часот. Времето за приговори е 90 минути после објавување на резултатите. Приговорите се испраќаат електронски до претседателот на комисијата за Македонска математичка олимпијада и за меѓународни натпревари за средно образование mirko.petrushevski@gmail.com .

Дел од амбиентот на 29. Македонска математичка олимпијада:

Ваш СММ!