Трето соопштение за Меѓународната конференција за образованието по математика, физика и сродни науки

Почитувани,

од 6-8 мај 2022 година, во Скопје ќе се одржи Третата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во организација на:

  • Сојуз на математичари на Македонија (СММ)
  • Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФРМ)
  • Институт за математика при ПМФ во Скопје
  • Институт за физика при ПМФ во Скопје
  • Природно-математички факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Теми на конференцијата се:

Наставни планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација

  • поканети предавачи од регионот
  • усни презентации
  • паралелни сесии
  • работилници од областа на математиката – „Ученички институт“ и „Прецизност во користење на математичкиот јазик“
  •  работилници од областа на природните науки во состав на проектот „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“

Подетално за конференцијата овде.

Ваш СММ!