Резултати од натпреварот CMC 2020

Почитувани,

Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве информираме дека македонската екипа во состав: Лука Грашкоски, Јасна Илиева, Алек Јармов, Иљир Лимани, Христина Митреска, Никола Спировски, Блаже Суклевски и Михаела Хаџиска постигна одличен успех на првиот СМС (Cyberspace Mathematical Competition) 2020 натпревар.

Натпреварот се одвиваше во периодот од 12-14 јули 2020 година. Учесниците решаваа вкупно 8 задачи, а распределбата на бодовите за сите учесници од нашата екипа е дадена во следнава табела:

MKD01t 7 t 1 t 7 t 0 t 7 t 6 t 0 t 0 28
MKD02t 5 t 1 t 7 t 7 t 1 t 0 t 0 21
MKD03t 3 t 1 t 0 t 5 t 0 t 2 t 0 11
MKD04t 4 t 1 t 7 t 1 t 0 t 1 t 0 14
MKD05t 3 t 1 t 1 t 0 t 1 t 0 t 0 t 0 6
MKD06t 1 t 7 t 3 11
MKD07t 0 t 7 t 0 t 6 t 1 t 1 t 0 15
MKD08t 7 t 7 t 0 t 7 t 1 t 1 23

Според постигнатите резултати нашата земја се пласираше на 46-то место од 75 земји учесници. Носители на бронзен медал се: Лука Грашкоски и Михаела Хаџиска, а Јасна Илиева, Иљир Лимани, Никола Спировски и Блаже Суклевски освоија пофалници.

Задачите од натпреварот, резултатите од сите земји и церемонијата од затворањето на натпреварот на https://artofproblemsolving.com/contests/cmc .

Проф. Д-р Светлана Познановиќ, School of Mathematical and Statistical Sciences, Clemson University, USA.

Проф. Д-р Мишко Митковски, School of Mathematical and Statistical Sciences,
Clemson University, USA.