Резултати од општинскиот натпревар за средно образование

Почитувани ученици, ментори и родители,

право на учество на регионалниот натпревар што ќе се одржи на 8.02.2020 имаат учениците кои на општинскиот натпревар освоиле најмалку 30 поени. На списоците по региони се додадени ученици кои биле пријавени дека имаат директен пласман на регионалниот, со награда од минатогодишниот државен натпревар.

Ги замолуваме менторите, доколку забележат пропуст или заборавиле да ги испратат имињата на некои ученици со право на директен пласман, истото да го сторат што е можно побрзо на smm.sredno@gmail.com. На овој начин ќе им овозможиме на домаќините на регионалните натпревари полесна организација. 

Резултати по региони:

Од претседателот на комисијата за општински, регионални и државни натпревари за учениците од средните училишта

Д-р Анета Гацовска-Барандовска