Почитувани натпреварувачи,
Ве известуваме дека седмото издание на меморијалниот математички натпревар, во чест на прерано починатиот голем македонски математичар Александар Блажевски – Цане, ќе се одржи на 24-25 јануари 2026 година.
Станува збор за натпреварување од олимписки формат: тестот се состои од шест задачи (по три во два натпреварувачки дена), за чие решавање се предвидени по 4 и пол саати дневно. Натпреварот се реализира во две категории: ЈУНИОРИ и СЕНИОРИ. Тежината на задачите во категоријата ЈУНИОРИ (одн. СЕНИОРИ) е приближна на тежината на задачите од последното издание на ЈММО (одн. ММО). Списоците на поканети по категорија можете да ги погледнете тука. Очекуваме да земат учество сите наградени на 29. ЈММО и сите наградени учесници на 32. ММО.
Натпреварот воедно претставува и единствено изборно натпреварување за ЕГМО 2026. Напоменуваме дека во конкуренција (за четиричлената македонска екипа) се единствено натпреварувачките во категоријата СЕНИОРИ. Оттаму, секоја ученичка која е поканета во категоријата ЈУНИОРИ може да одбере да се натпреварува во категоријата СЕНИОРИ, со цел да биде во конкуренција.
Во име на Комисијата за ММО и меѓународни натпревари за средно образование
проф. д-р Мирко Петрушевски
Ваш СММ!