Почитувани,
Од 28 до 30 ноември, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки. Настанот беше организиран од Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
На конференцијата учествуваа околу 150 учесници од земјава и од странство, а предавањата беа распоредени во две секции: математика и природни науки.
Поканети предавачи беа:
• Драгица Тривиħ, Белград
• Оливер Зајков, Скопје
• Братислав Обрадовиħ, Белград
• Елена Ончевска-Агер, Скопје
• Ана Доневска-Тодорова, Берлин
• Методија Јанчески, Скопје
• Саша Ивковиħ, Белград
• Марина Стојановска, Скопје
• Бранка Радуловиħ, Нови Сад
Конференцијата беше посветена на проф. д-р Наум Целакоски, кој постхумно беше одликуван со плакета за неговиот исклучителен придонес во развојот на математиката и образованието.
Во прилог ви пренесуваме дел од атмосферата од изминатиот викенд.















