Резултати од Новогодишниот електронски натпревар

Почитувани,

Во прилог се резултатите од вториот Новогодишен електронски натпревар:

Честитки до сите натпреварувачи!

Забелешка 1: Проверете ги имињата на учениците и менторите за да нема грешки во дипломите. Доколку има грешки пишете на novogodisennatprevar.smm@gmail.com најдоцна до 05.01.2026 година.

Забелешка 2: Дипломите ќе бидат направени и испратени во електронска форма на мејловите со кои решававте до крајот на јануари 2026 година.…

Прочитај повеќе

Информација за Новогодишниот електронски натпревар

Почитувани,

Во пресрет на одржувањето на Новогодишниот електронски натпревар, би сакале да Ве информираме подетално за текот на натпреварот.

Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 (сабота) и трае 60 минути. Бројот на задачи е 15 за прво одделение, односно 20 за сите останати одделенија.

Притоа, за учениците од 

  • второ одделение ќе започне во 10:00 часот
  • трето одделение во 10:40 часот
  • прво и четврто ќе започне во 11:20 часот
  • петто одделение во 12:00 часот

До задачите ќе може да пристапите преку линкови кои ќе бидат објавени на овој блог5 минути пред почетокот на натпреварот за соодветното одделение.…

Прочитај повеќе

Доделување медали од циклусот натпревари 2024/2025

Почитувани натпреварувачи,

доделувањето медали од

  • АБЦ 2025
  • ЈММО 2025
  • ММО 2025
  • МЕО 2025

ќе се одржи на 25.12.2025 година, четврток, на Природно-математичкиот факултет, со почеток од 15 часот.

Ги повикуваме сите освојувачи на медали да присуствуваат на свеченоста.

Ваш СММ!…

Прочитај повеќе

Информација за натпреварите по математика за основно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за основно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 23.01.2026 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

Пријава за основно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од основното образование е natprevari.smm2024@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во основно образование

Сите потребни информации околу општинскиот натпревар по математика за основно образование се овде.…

Прочитај повеќе

Информација за натпреварите по математика за средно образование

Почитувани,

Ве известуваме дека пријавувањето на учениците за општинските натпревари за средно образование го вршат училиштата, преку назначен наставник координатор од училиштето, најдоцна до 23.01.2026 година. Пријавувањето се врши преку пополнување на соодветната табела:

Пријава за средно образование

Адресата за испраќање на пополнетата табела со натпреварувачите од средното образование е smm.sredno@gmail.com

Начинот за организирање и спроведување на натпреварите детално се опишани во:
Правилникот за организирање и изведување на натпреварите по математика во средно образование

Сите потребни информации околу општинскиот натпревар по математика за средно образование се овде.…

Прочитај повеќе

Заврши КОМФСН 2025

Почитувани,

Од 28 до 30 ноември, на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки. Настанот беше организиран од Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.…

Прочитај повеќе