Соопштение за завршниот тест на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Ве известуваме дека завршниот тест на Есенската математичка школа 2025 ќе се одржи на закажаниот термин, 23 ноември 2025 година, недела, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците треба да бидат пристигнати до 9.30 часот, кога ќе почне распределбата на учениците во просториите предвидени за полагање на завршниот тест. Завршниот тест ќе почне во 10.00 часот и ќе трае два часа.

На учениците им посакуваме успех на завршниот тест!