Почитувани,
Оваа учебна година по вторпат ќе се одржи Новогодишен електронски натпревар.
На годинешниот натпревар можат да учествуваат учениците од 1 – во до 5 – то одделение. Натпреварот ќе се одржи на 27.12.2025 година. Котизацијата од 120 денари за Новогодишниот електронски натпревар се уплаќа на сметката на СММ, која може да ја најдете на веб страната на СММ, а со цел на дознака Котизација за новогодишен електронски натпревар – име и презиме на ученикот.
Натпреварот се состои од 15 задачи за учениците од 1 – во одделение, односно, од 20 задачи за учениците од 2 – ро до 5 – то одделение, максимално време за работа 60 минути. Секоја точно одговорена задача се вреднува со 5 бодови. Наградите на Новогодишниот електронски натпревар се доделуваат според следниот критериум:
за учениците од 1 – во
– I награда добива секој натпреварувач кој освоил 65 – 75 бодови;
– II награда добива секој натпреварувач кој освоил 50 – 64 бодови;
– III награда добива секој натпреварувач кој освоил 35 – 49 бодови;
за учениците од 2 – ро до 5 – то
– I награда добива секој натпреварувач кој освоил 85 – 100 бодови;
– II награда добива секој натпреварувач кој освоил 65 – 84 бодови;
– III награда добива секој натпреварувач кој освоил 45 – 64 бодови;
Секој награден ученик и неговиот ментор/наставник добиваат сертификат во електронска форма.
Пријавувањето е најдоцна до 24.12.2025 година со пополнување на следнава Форма https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfyfJASxl8usLGpOTjJBwrRbP7TQq-pNdMAJIUUSoXVX5rQIQ/viewform
Ваш СММ!