Пријавени ученици на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

На Есенската математичка школа 2025 пријавија учество следните ученици:

Список на пријавени ученици на Есенската математичка школа 2025

Уплатата на котизацијата за учество треба да се изврши најдоцна до 29.09.2025, по што треба да се прати копија од уплтата на ems2025smm@gmail.com најдоцна до 30.09.2025.

Во текот на следната недела, а најдоцна на 02.10.2025, ќе биде објавен подетален распоред за активностите на првиот ден на школата (отвoрање на школата и распоред на учениците по простории). Со настава почнуваме на 04.10.2025.

Сите информации се објавуваат на страницата на школата
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2025/

Со нетрпение ве очекуваме и оваа година заедно да се дружиме со математиката!

Проф. д-р Ирена Стојковска,
Раководител на ЕМШ2025