НОЕМВРИ – МЕСЕЦ НА НАУКАТА

Драги ученици, почитувани наставници и родители,
Со големо задоволство ве покануваме да бидете дел од овогодишната манифестација за популаризација на природните науки „Ноември – месец на науката“.
Главен организатор на оваа возбудлива иницијатива е Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (СХТМ) и Природно-математичкиот факултет (ПМФ). Други учесници во организацијата се Македонското биолошко друштво (МБД), Сојузот на математичарите на Македонија (СММ), Македонското географско друштво (МГД), Македонското еколошко друштво (МЕД), Македонско астрономско друштво (МАД), Скопско астрономско друштво (САД).

Настанот „Ноември – месец на науката“ е отворен за сите ученици од основните и средните училишта, како и за нивните наставници по природните науки – биологија, хемија и географија и математика. Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на ова научно патување, кое ќе се одвива во текот на два викенди во ноември 2025 година, и тоа:
22 ноември 2025 за учениции од основните училишта,
29 ноември 2025 за ученици од средните училишта.

Настанот ќе биде збогатен со различни активности:

  • научно-популарни предавања,
  • натпревар во експеримент/изработка/ симулација/модел од ученик (експерименти),
  • презентации на искуства од наставници,
  • работилници,
  • посета на лаборатории на ПМФ и
  • други активности.

Пријавувањето за учество ќе биде отворено на 22 септември 2025 година. Секој ученик и наставник кој ќе учествува на настанот ќе добие сертификат за учество, а на најдобрите ученици на натпреварот во демонстрации, како и на нивните ментори, ќе им бидат доделени дипломи и награди.
Да се вклучиме сите заедно и да придонесеме кон популаризацијата на природните науки!
За повеќе информации посетете ја веб страницата:
https://mesecnanaukata.weebly.com/

Со почит,
Проф. д-р Зоран Здравковски, претседател на СХТМ
Проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, претседател на СММ
Проф. д-р Сузана Диневска-Ќовкаровска, претседател на МБД
Проф. д-р Христина Димеска Трајкова, претседател на МГД
Проф. д-р Славчо Христовски, претседател на МЕД
Проф. д-р Даворин Трпески, декан на ПМФ