Второ соопштение за КОМФСН 2025

Почитувани,

Природно-математичкиот факултет во Скопје ќе биде домаќин на Петтата меѓународна конференција за образованието по математика, физика и сродни науки, во периодот од 28 до 30 ноември 2025 година. Во организација на Сојузот на математичари на Македонија (СММ), Друштвото на физичарите на Република Македонија (ДФРМ) и Природно-математичкиот факултeт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а посветена на Проф. д-р Наум Целакоски.

Теми на конференцијата се: наставни планови и програми, современи методи и техники во наставата, образовни стандарди, учебници и литература, истражувања во образованието, воннаставни активности, доживотно учење и професионален развој, вреднување на постигнувањата на учениците и наставниците, лабораториски активности и практична работа, образовна технологија, меѓупредметна корелација.

Сите дополнителни информации ги има овде.

Ваш СММ!