Теми на Есенската математичка школа 2025 и наградни учества

Драги ученици,

Тематската настава во првиот дел на Есенската математичка школа 2025 наменета за учениците од 4 одделение до 9 одделение од основните училишта и од 1 година до 4 година од средните училишта, која ќе се реализира од 4 октомври 2025 до 8 ноември 2025 со завршен тест на 23 ноември 2025, ќе ги опфати следните теми:

  • 4 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Равенки и проблемски задачи, проф. д-р Ирена Стојковска, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Операции со природни броеви. Бројни изрази и редослед на операции. Закони, поедноставно пресметување и составување на изрази. Бројни ребуси. Равенки и методи за решавање на равенки. Проблемски задачи.
    Математички работилници, проф. д-р Ирена Стојковска, асс. м-р Ерблина Зеќири Синани
  • 5 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Броеви, броење и распоредување, проф. д-р Марија Михова, Институт за теориски основи на информатика и пресметковно инженерство, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство, Скопје
    Програма: Криптоаритметика, низи, броење на форми и броење на распореди.
    Математички работилници, проф. д-р Ирена Стојковска, асс. м-р Ерблина Зеќири Синани
  • 6 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Елементарна геометрија, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Точка и права. Заемна положба на две точки. Заемна положба на точка и права. Заемна положба на две прави. Полуправа и отсечка. Должина на отсечка. Симетрала на отсечка. Искршена линија. Полурамнина и агол. Аритметички операции со агли. Видови агли. Симетрала на агол. Агли во триаголник. Кружница и круг. Заемна положба на точка и кружница. Заемна положба на права и кружница. Заемна положба на две кружници. Многуаголник. Периметар на многуаголник. Плоштина на квадрат и правоаголник.
    Проблеми со природни броеви, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Операции со природни броеви, деливост, прости и сложени броеви, НЗД и НЗС.
  • 7 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Елементи на триаголник и складност, м-р Јасмина Маркоска, професор по математика, СУГС „Георги Димитров“, Скопје
    Програма: Основни елементи кај триаголник, складни триаголници, однос меѓу страните и аглите кај триаголникот.
    Бројни и алгебарски изрази и нивна примена, проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева, Институт за математика и физика, Факултет за електротехника и информациски технологии, Скопје
    Програма: Множество на рационални броеви. Бројни изрази во множеството рационални броеви. Степен со показател природен број, операции со степени. Алгебарски изрази. Видови алгебарски изрази. Бројна вредност на алгебарски израз. Цели рационални изрази (полиноми). Степен на полином. Операции со полиноми. Формули за скратено множење. Упростување на алгебарски изрази. Проблемски задачи со бројни и алгебарски изрази.
  • 8 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Плоштина на многуаголник и круг, проф. д-р Делчо Лешковски, Меѓународен Балкански Универзитет, Скопје
    Програма: Поим за плоштина, плоштина на правоаголник и паралелограм. Плоштина на триаголник и правилни многуаголници. Плоштина на трапез и делтоид. Плоштина на круг, кружен исечок и кружен прстен. Разни задачи
    Конгруенции и примена, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Деливост, признаци за деливост. Конгруенции и нивни својства. Примена на конгруенции.
  • 9 одд. (04.10.-08.11.2025)
    Сличност и Питагорова теорема, проф. д-р Ѓорѓи Маркоски, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Сличност. Признаци за сличност на триаголници. Талесова теорема. Питагорова теорема. Примени на сличност и Питагорова теорема
    Равенки и неравенки, проф. д-р Делчо Лешковски, Меѓународен Балкански Универзитет, Скопје
    Програма: Линеарни равенки; Линеарни равенки со една непозната. Линеарни неравенки со една непозната; Системлинеарни неравенки со една непозната. Линеарна функција. Линеарни равенки со две непознати; Систем од две линеарни равенки со две непознати. Разни задачи
  • 1, 2, 3 и 4 год. (04.10.-08.11.2025)
    Математичко моделирање и елементи од финансиска математика, проф. д-р Анета Гацовска-Барандовска и асс. м-р Стево Ѓоргиев, Институт за математика, Природно-математички факултет, Скопје
    Програма: Низи, прогресии и примени. Видови каматни стапки. Просто и сложено вкаматување. Сегашна и идна вредност на паричен износ, парични текови. Хартии од вредност. Инвестиции и амортизација. Економски функции (побарувачка, понуда, трошоци, приход, добивка). Еластичност и примена.

Предавачите и програмата на вториот и третиот дел на школата, олимписката математика за јуниори и олимписката математика за сениори ќе бидат објавени подоцна.

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2025, датуми и термини на предавањата, пријавување учество и висина на котизацијата за учество, ќе најдете на следниот линк:
https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2025/.

И оваа година, Сојузот на математичари на Македонија одлучи на најдобро пласираните ученици на Државните натпревари по математика 2025 и Макединската економска олимпијада 2025, да им додели наградни учества на Есенската математичка школа 2025 на првиот и вториот дел на школата:

1 Марко Томоски ООУ „Григор Прличев“, Охрид 7 одд
2 Милан Велков ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Кочани 7 одд
3 Андреа Јовановска ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје 8 одд
4 Ленче Пиличева  ООУ „Видое Подгорец“, Струмица 8 одд
5 Зоран Илијоски ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Кичево 9 одд
6 Јана Шешоска ООУ „Григор Прличев“, Охрид 9 одд
7 Ана Митеска ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје I год
8 Владимир Грчев ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје I год
9 Дијар Адеми ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје I год
10 Филип Хаџи-Велков ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје I год
11 Кирил Атанасов ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје II год
12 Андреј Тасиќ ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје II год
13 Ивано Божиновски ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје III год
14 Амар Сулејмани ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје III год
15 Леонид Тодороски ПСУ „Јахја Кемал“, Струга IV год
16 Марко Митевски ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје IV год
17 Теа Ангелова НОВА Меѓународни училишта, Скопје II год
18 Леонид Цуклев ДСУ Математичко-информатичка гимназија, Скопје IV год
19 Оливера Џамбазова СУГС „Орце Николов“, Скопје II год
20 Петар Златков СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Скопје IV год
21 Стефан Младеновски СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија III год
22 Јован Оџаков СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија IV год

Дополнително, учениците кои се добитници на медал (злато, сребро или бронза) на Македонската математичка олимпијада 2025 или медал (злато или сребро) на Јуниорската македонска математичка олимпијада 2025 имаат наградно учество на третиот дел на школата – Олимписката математика за сениори.

Учениците кои имаат наградно учество на Есенската математичка школа 2025, ќе треба да го најават своето учество со пополнување на онлајн формата за пријавување учество која може да ја најдат на страната на школата https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2025/.

Раководството на ЕМШ2025