Пријавување учество на Есенската математичка школа 2025

Драги ученици,

Сојузот на математичари на Македонија, оваа година по седми пат организира Есенска математичка школа наменета за учениците од 4 до 9 одделение од основните училишта и за учениците од 1 до 4 година од средните училишта од целата држава. Оваа година, предавањата на школата ќе бидат во три дела – тематска настава, олимписка математика за јуниори и олимписка математика за сениори. Предавањата ќе се одржуваат во саботите во текот на месеците октомври, ноември и декември 2025 во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје, а предавачи ќе бидат универзитетски професори по математика, истакнати наставници по математика од основните и средните училишта и поранешни натпреварувачи на олимписките натпревари по математика. Секој редовен ученик-учесник на Школата, ќе добие сертификат за учество, а најдобрите на завршниот тест за тематската настава ќе добијат и дипломи за постигнатиот успех на тестот.
Раководител на Школата: проф. д-р Ирена Стојковска

Повеќе информации за Есенската математичка школа 2025, датуми и термини на предавањата, како и информации за пријавување учество на школата ќе најдете на следниот линк: https://smm.org.mk/skoli/matematicki-skoli/esenska-matematicka-skola-2025/.