ИЕО 2025: Две бронзи за Македонија!

Во периодот од 20 до 29 јули 2025 година, се одржа Меѓународната економска олимпијада во Баку, Азербејџан. Македонскиот тим освои два бронзени медала на ова престижно меѓународно натпреварување!

Македонскиот тим го сочинуваа:

  • Христијан Захарчев од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
  • Миша Веселински од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • Теа Ангелова од „Меѓународно училиште НОВА“, Скопје
  • Сара Тошевска од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје

Водичи на тимот беа проф. д-р Анета Гацовска Барандовска и ас. м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при Природно-математички факултет – Скопје.

Бронзени медалисти на ова натпреварување се:
Христијан Захарчев
Миша Веселински

Исто така, со одличен настап ја претставија нашата земја:
Сара Тошевска
Теа Ангелова

Натпреварувањето се состоеше од три дела:

  • Економија – прашања со повеќе одговори и отворени прашања
  • Финансиска писменост
  • Изработка на бизнис план

Во конкуренција од 51 земја и над 250 натпреварувачи од целиот свет, нашите претставници постигнаа извонредни резултати!

Водичите на тимот учествуваа со свои предлози за задачи и беа дел од жирито за евалуација на бизнис плановите во првата етапа.

Подготовките беа реализирани од водичите на тимот во соработка со експерти од:

  • Народна банка на Република Северна Македонија
  • Комисија за хартии од вредност
  • Македонска берза
  • ВФП групацијата
  • Државен завод за статистика

Ваш СММ!