Во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, Република C. Македонија, се одржа 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2025).
Вреди да се истакне дека ЈБМО 2025 е еден од најзначајните меѓународни настани што се одржуваат во Македонија оваа година. Дополнително, за првпат во 29-годишната историја на ова натпреварување – најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години – учествуваа 135 натпреварувачи од 23 држави од Европа и Азија.
Организациониот одбор на ЈБМО 2025 беше составен од:
• м-р Илија Јовчески – претседател на Организацискиот одбор,
• Петар Филиповски,
• проф. д-р Ѓорѓи Маркоски,
• проф. д-р Мирко Петрушевски,
• проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева.
Изразуваме голема благодарност до премиерот на Република C. Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, и министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, без чија поддршка оваа олимпијада немаше да биде реализирана.
Благодарност упатуваме и до коорганизаторите на настанот:
• Природно-математички факултет – Скопје,
• Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје,
кои ни помогнаа како финансиски, така и со нивни кадри при организација на натпреварот, меѓу нив, имаше доста професори и студенти, како од ПМФ, така и од останатите факултети при УКИМ.
Сакаме да напоменеме дека поголемиот дел од лицата кои се заниваа со математичкиот дел на натпреварот се поранешни натпреварувачи, кои освојувале златни, сребрени и бронзени медали на меѓународни натпревари.
Со почит,
Ваш СММ!






