ИЕО 2025: Две бронзи за Македонија!

Во периодот од 20 до 29 јули 2025 година, се одржа Меѓународната економска олимпијада во Баку, Азербејџан. Македонскиот тим освои два бронзени медала на ова престижно меѓународно натпреварување!

Македонскиот тим го сочинуваа:

  • Христијан Захарчев од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“, Битола
  • Миша Веселински од ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
  • Теа Ангелова од „Меѓународно училиште НОВА“, Скопје
  • Сара Тошевска од ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“, Скопје

Водичи на тимот беа проф.

Прочитај повеќе

ИМО 2025: злато, сребро и три пофалници за Македонија!

Почитувани,

Годинава, најпрестижниот светски математички натпревар, 66. Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2025), се одржува во Саншајн Коуст, Австралија, во периодот 10-20 јули. Ова е 33. учество на Македонија на ИМО. Нашата  делегација брои шест ученици: Алексиј Тасиќ, Дамјан Давков, Ивано Божиновски, Леонид Тодороски, Бранко Јангеловски и Марко Серафимовски; ги предводат Илија Јовчески и Мирко Петрушевски.…

Прочитај повеќе

СММ успешно ја организира ЈБМО 2025

Во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга, Република C. Македонија, се одржа 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО 2025).

Вреди да се истакне дека ЈБМО 2025 е еден од најзначајните меѓународни настани што се одржуваат во Македонија оваа година. Дополнително, за првпат во 29-годишната историја на ова натпреварување – најпрестижниот математички натпревар за ученици до 15,5 години – учествуваа 135 натпреварувачи од 23 држави од Европа и Азија.…

Прочитај повеќе