Се одржа ЈБМО 2025

Почитувани,

Со особено задоволство ве информираме за одличниот успех на двата македонски тимови на 29-та Јуниорска балканска математичка олимпијада (ЈБМО), која се одржа во периодот од 24 до 29 јуни 2025 година во Струга.

Првиот тим освои два сребрени и три бронзени медали, додека вториот тим се закити со три бронзени медали.

Сребрени медали освоија: Дијар Адеми и Владимир Грчев.

Бронзени медали освоија: Ана Митевска, Валентино Атансоски, Никола Зорески, Филип Хаџи-Велков, Деа Ивановска и Калина Грашкоска.

Лидери на двата тима беа Петар Филиповски и Христина Митреска, а подготовките беа реализирани од страна на Петар Филиповски, Христина Митреска, м-р Илија Јовчески и проф. д-р Мирко Петрушевски.

Гледано според бројот и вредноста на освоените медали, првиот тим го постигна еден од најуспешните резултати во последните 20 години.

Со почит,

Ваш СММ!